Вселенскиот патријарх Вартоломеј во велигденската порака повика на итен прекин на војната во Украина.
„Војната го поткопува човечкото достоинство и е провокативно кршење на Божјата заповед да се сака ближниот“, рече Вартоломеј во велигденската честитка.
Оваа година во цела Украина вечерта кога се чествува големиот христијански празник Велигден беше на сила полициски час поради страв од провокација на руските војници.
„Непријателот е подмолен, а најважна за нас е безбедноста на луѓето“ – објасни шефот на Киевската регионална воена управа – Ал Пављук.
На многу места, на луѓето им беше забрането да ги посетуваат храмовите на Велигденската ноќ поради опасноста од целни напади од Русите.