Врховен уште на 7-ми мај ја укинал претходната пресуда за Васил Јованов за продажба на дрога
Во екот на реакциите по пресудата за возачот Васил Јованов кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова, стигна информација дека Врховниот суд ја укинал пресудата на Апелација со која Јованов беше осуден на 3 години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици. Одлуката била донесена на 7-ми мај.

Врховниот суд, како што се наведува во соопштението, на седница одржана пред една недела го уважил барањето на Васил Јованов за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за поседување и продажба на дрога, што тој го поднел преку адвокат.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 07.05.2025 година, донесе пресуда КВП2-43/25, со која го уважи барањето на осудениот В.Ј. од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од Скопје, ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-1047/24 од 05.02.2025 година и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување“, се наведува во соопштението на Врховен.
Инаку, пресудата за ова кривично дело Основниот кривичен суд Скопје го зеде како отежнителна околност при донесувањето на пресудата и одмерувањето на висината на казната што вчера му ја изрече на Јованов за сообраќајката во која ја прегази Кулакова. Сепак, за време на рочиштето вчера, воопшто не беше споменато дека пресудата за претходното кривично дело на Јованов е укината и вратена на повторно одлучување во второстепениот суд.