Врховен го одби барањето на Груевски за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Плацеви на Водно”

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-бр.16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано.

Иако не беше опфатен за овој случај и за ова кривично дело со аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, сепак бидејќи таа била содржана во наводите од барањето, Врховен се изјаснил и за неа.

Исто како и во случајот „Транспортер”, судот констатирал дека даденото помилување непроизвело правно дејство.