Врховниот суд го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за преиспитување на пресудата за случајот „Насилство во Центар“ со која тој е осуден на 1 година и 6 месеци затвор. Информацијата е дека барањето на Груевски „се отфрла како недозволено“.
Пресудата за „Насилството во Центар“ од првостепениот суд беше донесена на 29 септември 2020 година, а на 10 септември 2021 пресудата беше потврдена и од Апелацискиот суд во Скопје.
Со истата пресуда за виновни беа прогласени и екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште 5 други лица директни учесници на насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.
Овој случај беше еден од првите два за кои своевремено СЈО покрена обвинение.