Вртоглави цени: Остануваат уште билети за финалето на Евровизија: Еве колку чини да се гледа во живо
Малме Арената е преполна со евровизиски фанови, но останаа уште билети за големото финале кое ќе се одржи во сабота на 11 мај во 21 часот. Значи, ако сакате да го гледате во живо во финалето, сепак имате време! А еве колку пари треба да одвоите за тоа.
На официјалната веб-страница за продажба на влезници за Гигсберг на Евровизија пишува дека останале 52 билети по различни ценовни рангови. Оние најоддалечените од сцената чинат меѓу 272 и 489 евра, а најскапите – 3.500 евра.
Најскапите се наоѓаат во внатрешниот „прстен“ на Арената и гарантираат најдобар поглед, но и најдобро време.