Врие на Балканот – црногорските студенти ќе блокираат патишта за одговор за убиствата во Цетиње

Неформална црногорска студентска група „Камо Сјутра?“ најавија дека од денеска, 3 февруари, секојдневно ќе блокираат по еден пат во Црна Гора додека не се исполнат нивните барања, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора, Алекса Бечиќ бидејќи, според нив, ништо не е направено за да се спречи повторување на злосторствата слични на она што се случи во Цетиње на 1 јануари оваа година.

„Дваесет и три минути врева ќе започне во 17 часот и 26 минути. Точната локација ќе ја објавиме во 16 часот и 26 минути на нашите мрежи. Сите на улиците! Сите за нашето безбедно утре!“ напиша групата на X.

Блокада на мостот во Подгорица

Како дел од организацијата „Каде утре?“ зачера вечерта беше извршена блокада на мостот „Блаж Јовановиќ“ во Подгорица која траеше од 17:26 до 18:30 часот.

Да потсетиме дека на 1 јануари цетињенецот А.М застрела 12 сограѓани, по што се самоуби. Притоа, тој рани уште четири лица, од кои едното подоцна почина во Клиничкиот центар во Црна Гора.