Вредноста на 56 капитални проекти во Србија – 21 милијарда евра
Вкупната вредност на 56 капитални проекти во кои Србија планира да инвестира пари е 2.468 милијарди динари, што е околу 21 милијарда евра, според податоците објавени во Нацрт-фискалната стратегија за 2026 година со проекции за 2027 и 2028 година.

Досега во нив се инвестирани 929,7 милијарди динари, а во оваа и во следните три години, планираните трошоци се уште 920 милијарди динари, јавија белградски медиуми.
Објектите за меѓународната изложба Експо 2027 се проценуваат на вкупно 139,6 милијарди динари, но тие не се највредни, туку проектот за изградба на комунална (канализациска) инфраструктура и инфраструктура за отстранување на комунален цврст отпад, проценет на вкупно – 367,9 милијарди динари.
Истакнато место меѓу капиталните проекти на Србија во среднорочниот план го заземаат објектите на Експо, Националниот фудбалски стадион и придружната линиска инфраструктура, наведе Фискалниот совет во своето Мислење за Нацрт-фискалната стратегија за 2026 година со проекции за 2027 и 2028 година, кое го усвои Владата на Србија.
До крајот на 2024 година во овие три проекти се инвестирани вкупно 96 милијарди динари, а уште 77 милијарди динари треба да се инвестираат во 2025 година, а уште 75 милијарди динари во 2006 година.