Коалицијата ВРЕДИ наскоро ќе го финализира договорот за поделбата на власта со ВМРО-ДПМНЕ.
Како што пишува „PortaliX“, по дефинирањето на поделбата на министерствата, најголем дел од дирекциите веќе се поделени.
МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Матичните книги, Државните резерви и низа други дирекции ќе бидат предводени од кадри на ВРЕДИ.
Според информациите, ВРЕДИ ќе има и заменик директор во Царина, Управа за јавни приходи, ЕЛЕМ, Пензиски фонд, Финансиска полиција, Фондот за здравство и други.
Покрај ова од порталот велат дека ВРЕДИ ќе раководи и со Филхармонија, Албански театар-Скопје, Просветниот инспекторат, Затворите во Струга и Тетово, Агро берза, ЈП за стопанисување со пасишта, Агенција за лични податоци, Национална радиодифузија, Агенција за супервизија на осигурување, Агенција за државни патишта, заменик Гувернер во НБРМ, заменик директор во ЕЛЕМ, како и директорски места во Клиниките.