Вреди тврди дека Ахмети купил зграда од пет ката во центарот на Тетово
Јавноста доби информација преку истражувањето на БИРН дека од ДУИ значително го зголемиле партискиот имот од 2022 година. Али Ахмети преку медиумите си пишува писма сам на себе за албанскиот јазик, но молчи за фактот дека купил зграда од пет ката во центарот на Тетово со површина од 1200 квадратни метри, се вели во соопштението на „Вреди“ околу најавата за протест за полагање испити во правосудството на албански јазик.

„ВЛЕН одамна предупредува дека зад лажната грижа на ДУИ за правата на Албанците всушност се кријат тесно партиски интереси за богатење на партискиот врв. Бидејќи Али Ахмети се занимавал со “купи-продај” немал време системски и трајно да ги решава прашањата од суштинска важност за Албанците. Затоа, во наследство ни остави половични и недоречени акти кои сега сака да ги подметне како кукавички јајца.
Но, доаѓа времето за одговорност. Јавноста очекува одговори на следните прашања: Дали новиот имот на ДУИ на атрактивна локација во центарот на Тетово бил во сопственост на Телеком? Дали е точно дека овој имот прво е префрлен на подобно физичко лице со кое ДУИ после склучува договор за купопродажба? Каква врска има овој имот со аферата “Маѓар Телеком”?
Поранешните директори на Телеком во 2017 пред Окружниот суд во Њујорк признаа вина дека платиле мито од пет милиони евра на политичари од владината коалиција на СДСМ и ДУИ во 2007 за да ја одложат либерализацијата на телекомуникацискиот сектор. Во оваа постапка пред Окружниот Суд во Њујорк беа споменати имињата на Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулахим Касами.Нема повеќе простор Али Ахмети да глуми жртва. Митовите за него се рушат како кула од карти, порачаа од Вреди.