ВРЕДИ: Мерко без пасош, Артан и Прпарим во бегство, ова е ДУИ!

„ДУИ нон грата се урива како кула од карти! Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата. Артан побегна, Прпарим исчезна, Мерко нема пасош, а ќелиите се дезинфицираат за да ги пречекаат сите!“, велат од коалицијата ВРЕДИ.

-Најдобриот подарок за Нова Година? Голем катанец за затворање на седиштето на партијата која ја врати корупцијата во систем. ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ. Но, нивниот крај започна, нивните бегства се само доказ дека никој не бега од правдата!

-Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како “кралот“ на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат. Граѓаните избраа промени и ВЛЕН носи правда!

-ДУИ тоне! Прво падна Артан, следеше Прпарим, а ќе следат други. Доста е! Струга, Тетово и сите Албанци чувствуваат мирис на промени. Мерко веќе подготвува два бесплатни кревети во ќелијата, еден за Груби и еден за Бајрами“, се вели во соопштението од владејачката ВРЕДИ.