ВРЕДИ: Достоинствено ќе ги претставуваме сите Албанци

„Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците.“, реагираат од ВРЕДИ.

„Броењето ресори со кој раководат Албанци е концепт кој не доведе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок.

ВЛЕН добива исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за Албанскиот народ. Ќе го води собранието на РСМ и 6 министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците.

Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт“, додаваат оттаму.