ВРЕДИ: Бујар Османи во ОБСЕ беше гласноговорник на интересите на Вучиќ

Под превезот на „деескалација“, Османи предлагаше решенија кои директно го подриваа државниот суверенитет на Косово, го негираа демократскиот избор на граѓаните и отвораа простор за создавање на паралелни структури, спротивно на уставниот поредок на Косово“ соопштија денеска од Коалицијата ВРЕДИ.

„ВРЕДИ сериознo ја потенцира улогата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ, особено неговите последни активности поврзани со „планот од 9 точки” за Косово. Наместо да ја користи својата позиција за унапредување на мирот, стабилноста и суверенитетот на Косово, Османи се претвори во инструмент за промоција на интересите на Белград и режимот на Александар Вучиќ. Под превезот на „деескалација“, Османи предлагаше решенија кои директно го подриваа државниот суверенитет на Косово, го негираа демократскиот избор на граѓаните и отвораа простор за создавање на паралелни структури, спротивно на уставниот поредок на Косово“ соопштија денеска од Коалицијата ВРЕДИ.

Од таму велат дека „Најпроблематични точки од дејствување на Бујар Османи кон Косово се: Повикување на оставки на легитимно избрани градоначалници, што претставува опасен преседан со кој се казнува демократскиот процес само затоа што резултатите не и одговараат на Србија. Условување на Косово да ги повлече безбедносните сили од сопствена територија, додека за Србија се бараше само симболично „намалување на борбената готовност“, што го нарушува принципот на еднаквост и суверено делување. Наметнување на ОБСЕ како посредник во изборните процеси, иако Косово е независна и функционална држава со сопствени институции и изборен механизам“.

„Сето ова е дел од опасна стратегија за репакување на старите барања за „асоцијација на српски општини“, со кои се отвора пат за создавање на „Република Српска“ во Косово. Чуден е ангажманот на Бујар Османи во таа насока. Таквите модели промовирани од него, наместо да го гарантираат мирот, го цементираат влијанието на Србија и ги продлабочуваат поделбите. Бујар Османи, кој требаше да биде дипломат од регионален интерес за Албанците, стана гласноговорник на Вучиќ. Наместо да ги штити правата и интересите на Албанците во Македонија и во регионот, тој отворено работеше против нив и во Косово, и во Македонија“ велат од ВРЕДИ.