„Денеска ќе се вратиме во 2016 година, кога Специјалното Јавно Обвинителство или СЈО функционираше како иницијатива на меѓународниот фактор за расветлување на коруптивните скандали во РСМ.
Тогаш во случајот наречен ПАЦИЕНТ, се издвојуваше како прв и единствен обвинет Албанец токму портпаролот на ДУИ, денес кандидат за претседател, Бујар Османи.
Но, што всушност содржуваше предметот ПАЦИЕНТ за кој беше обвинет Бујар Османи?
Ова денеска за прв пат ќе го откриеме детално.
Во истрагата постоеше засновано сомнение за злоупотреба на службената положба на министерот за здравство, како и овластувањата на службените и одговорните лица во тендерските постапки за градежни работи, при што постоеле сомнежи дека бугарската компанија ГБС Благоевград беше фаворизирана иако имаше неколку поповолни понуди од други компании, во повеќе здравствени установи во земјава, меѓу кои и гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир. Вредноста на тендерот изнесуваше над 2 милиони евра.
Почитувани граѓани, денеска се собравме, токму пред Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир, да пренесеме порака дека ние не забораваме!
Овде сме собрани, жени, мајки, сестри, ќерки да го обелодениме овој скандал, каде денешниот кандидат за претседател е обвинет за финансиска злоупотреба во овој за нас свет објект и каде секој ден се породуваат нашите ќерки, нашите сестри, нашите пријателки.
Замислете до каде оди лакомоста на овие луѓе за пари, злоупотребуваат милиони евра од местото каде што се пораѓаат сите мајки од Скопје и пошироко!
Јавно прашуваме, дали Албанците заслужуваат ваков кандидат за Претседател?
Јавно прашуваме, ако не се грижат за граѓаните, дали овие политичари знаат дека оваа болница им служи покрај другите и на нивните роднини?
Граѓаните никогаш нема да го заборават Пациентот Бујар Османи. Можеби партизираните судови на Артан Груби го пикнаа овој случај во некој ќош, но доаѓа време за одговорност за направеното, но и за тие кои го криеја случајот.
Замислете, овие милиони можеа да бидат кревети за мајки, опрема за гинеколози, работа за медицински сестри, подобри услови за бебиња. Овие злоупотребени пари можеа да бидат буџетски средства за да се донесат решенија за тие над 1700 вработени во здравството кои се со договор на дело, и никако не можат да добијат решенија за работа.
Доаѓа време за одговорност, додека граѓаните ќе ја осудат оваа криминогена власт!“ соопштија денеска на прес-конференција од коалицијата ВРЕДИ, од пред Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир.