
„Врв на Огнот“ е насловот на операцијата на ИДФ во Катар
Името на нападот на ИДФ врз раководството на Хамас во Катар е операција „Врв на огнот, соопшти армијата, откако претходно, Канал 12 објави дека името било „Ден на пресуда“.
Името на нападот на ИДФ врз раководството на Хамас во Катар е операција „Врв на огнот, соопшти армијата, откако претходно, Канал 12 објави дека името било „Ден на пресуда“.
Ал Џезира, повикувајќи се на висок функционер на Хамас, јави дека раководството на Хамас предводено од Халил ал-Хаја, кое се собрало во Катар, го преживеало нападот.
Саудискиот канал Ал-Хадас претходно јави дека неколку високи функционери на Хамас, вклучувајќи го Халил ал-Хаја, Халед Машал, Захер Џабарин и Низар Авадала, биле убиени.
Нема официјална изјава од Хамас или од катарските власти.
Висок катарски функционер го критикуваше Израел за нападот врз лидерите на Хамас на катарска територија, нагласувајќи дека тоа се случило додека Доха работела на напредок во рамката за договорот за ослободување на заложници, изработена минатата недела од специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф.
– Хамас ја доби новата американска понуда од нас, која ја добивме од Виткоф минатата недела во Париз. Катарскиот премиер Мохамед Абдулахман Ал Тани се сретна со преговарачите на Хамас вчера. Делегацијата на Хамас потоа одлучи да се состане повторно денеска за да ја разгледа понудата, патувајќи од Турција до Катар каде што се случи нападот, рекол функционерот.
– Сепак, како што се случувало и порано, Израелците ги поткопаа надежите за мир, продолжувајќи го војната и отежнувајќи ги напорите за враќање на заложниците, вели висок катарски функционер во соопштение, пренесе Тајмс оф Израел.
Арапските медиуми јавуваат дека сите највисоки лидери на Хамас биле присутни кога зградата во која се наоѓале била погодена во израелски воздушен напад.
Меѓу членовите на делегацијата нападната во седиштето на Хамас во Доха бил и лидерот на Хамас во Газа, Халил ал-Хаја. Исто така, се смета дека биле присутни и други високи функционери на Хамас: Захер Џабарин, кој ја води организацијата во Западниот Брег, Мохамед Дарвиш, шеф на Шура советот на Хамас, и Халед Машал, лидер на Хамас во странство