Вработен во банка во Луисвил уби 4 лица – пукањето го снимал и во живо го пренесувал на Инстаграм

Најмалку четири лица загинаа, а осум други се повредени при пукање во Старата национална банка во Луисвил, Кентаки, соопшти полицијата. Вооружениот напаѓач е исто така мртов, изјави заменик-началникот на полицијата во Луисвил, полковник Пол Хемфри.

Најмалку двајца полицајци беа застрелани. Од осумте лица кои се пренесени во болница, двајца се во критична состојба.

Еден од нив е полицаец кој бил опериран. Некои од преживеаните успеале навреме да се сокријат, пренесува Си-Ен-Ен.

Жртвите се идентификувани како Томас Елиот (63), Џејмс Тут (64), Џошуа Барик (40) и Џулијана Фармер (45)

Напаѓач бил вработен во банката, тоа е 23-годишниот Конор Старџен. Работел повеќе од една година во банката, а неодамна добил известување дека ќе добие отказ.

Полицијата се сомнева дека тоа бил неговиот мотив. Пред пукањето оставил порака. Пораката била наменета за родителите и пријателите, а во неа најавил дека ќе ги нападне луѓето во банката.

Пукањето го пренесуваше во живо на Инстаграм. Полицијата веднаш по настанот го избришала видеото.