Вработените од Министерството за финансии со последен ултиматум: Протести и штрајкови ако не се потпише колективен договор
Вработените во Министерството за финансии со последен ултиматум до министерот Бесими. До понеделник да го потпише колективниот договор со кој ќе пораснат нивните примања и трајно ќе го реши проблемот со платите. Расте револтот и кај академската фела.
Нема да исплаќаат плати за администрацијата, ниту ќе работат на експропријација на имотите на коридорите што треба да ги гради „Бехтел и Енка“. Вработените во Министерството за финансии со последен ултиматум до министерот Бесими. До понеделник да го потпише колективниот договор со кој ќе пораснат нивните примања и трајно ќе го реши проблемот со платите. Во спротивно најавија протести и штрајк. Револтирани се и, од како што велат, игнорантскиот однос од министерот Бесими.
Расте револтот и кај академската фела. Неспроведувањето на колективниот договор причина и вработените во најстариот универзитет да почнат со предупредувачки протест. Бараат веднаш да се испочитува колективниот договор на кој потпис стави тогашниот спикер сега премиер Талат Џафери. Од Синдикатот на вработени на УКИМ бараат средба со првиот човек на Владата. Поддршка добија и од ректорската управа. Според нив, со ова се прави упад во автономијата на универзитетот.
Професорите добија поддршка и од нивните студенти. Колективниот договор беше потпишан на крајот на 2022, а стапи на сила со одложено дејство на 1-ви јануари годинава.