Во 2060 година во Германија ќе има недостиг од пет милиони работници

Според експертите во следните децении во Германија ќе има значително помалку работници. Според Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања, пазарот нагло ќе се намали и покрај имиграцијата.Според прогнозите на експертите, бројот на достапни луѓе на германскиот пазар на труд до 2060 година веројатно ќе се намали од 45,7 на 40,4 милиони, пишува Дојче веле.

Според Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања, потенцијалот на работната сила во овој период ќе се намали за 11,7 отсто, имајќи ги предвид факторите како што се демографските промени, наталитетот, имиграцијата и емиграцијата.

Според проценките, само 72,6 милиони луѓе ќе живеат во Германија во 2060 година, што е за десет милиони помалку од денес.