Во 2025 година имало 8.183 сообраќајни незгоди, во кои загинале 132 лица
Во текот на 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 8.183 сообраќајни незгоди, што претставува значителен показател за состојбата со безбедноста во патниот сообраќај. Од вкупниот број на незгоди, 114 се случиле со смртни последици, 870 резултирале со тешки телесни повреди, 3.390 со телесни повреди, додека во 3.809 случаи е причинета исклучиво материјална штета, посочуваат од МВР.

Како последица на овие сообраќајни незгоди, вкупно настрадале 6.847 лица. Притоа, 132 лица го загубиле животот, 1.010 лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека 5.705 лица претрпеле лесни телесни повреди.
Анализата на наведените податоци укажува дека, и покрај преземените активности и мерки, сообраќајните незгоди и понатаму претставуваат сериозен безбедносен и општествен проблем. Особено загрижувачки е бројот на незгоди со тешки последици, што дополнително ја нагласува потребата од засилување на превентивните активности, подигање на јавната свест и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди и нивните последици, неопходно е континуирано спроведување на сообраќајно-образовни кампањи, зголемено присуство на сообраќајната полиција на терен, како и унапредување на патната инфраструктура.