Во 2023 година Грција ја посетиле над 1 милион туристи од С. Македонија

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од С. Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ).

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони.

С. Македонија и овојпат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, С. Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за С. Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.