Српската Комисијата за труд, социјала, општествена вклученост и намалување на сиромаштијата денеска усвоила амандман според кој на семејствата кои ќе добијат второ и трето дете ќе им се исплаќаат 100.000 динари еднократна помош од 1 јануари.
Амандманот предвидува на семејствата кои ќе добијат второ дете од буџетот да им се исплаќаат 100.000 динари (850 евра) еднократно, со по 10.000 динари (85 евра) што ќе ги добиваат секој месец во тек на две години.
Семејствата кои го очекуваат своето трето дете ќе добиваат 100.000 динари (850 евра) од буџетот, со по 12.000 динари (102 евра) месечно во времетраење од 10 години.