Во 2021. година Кина со извоз на над 2 милиони автомобили

И покрај пандемијата, но и сред светска економска криза, извозот на автомобили од Кина минатата година бил речиси двојно зголемен во споредба со претходната година.

Првпат во историјата бројот на извезени автомобили достигнал 2,02 милиони, вели извештајот на кинеската Асоцијација на автомобилската индустрија.

Снабдувањето со автомобили во странство со нови извори на енергија е тројно зголемено, на 310.000 единици. Извезени се 1,61 милион патнички автомобили, а извозот на комерцијални возила е зголемен на 402.000 примероци. Само во декември кинеските производители на автомобили извезле 223.000 автомобили, што е зголемување од 54 отсто.

„Побарувачката на потрошувачите за кинески автомобилски производи се очекува да го задржи својот постојан раст и во 2022 година“, се наведува во годишниот извештај на КИЦ.

Според прогнозите, вкупната продажба на автомобили во 2022 година ќе достигне 27,22 милиони единици.