Во јули 209 932 туристи, најмногу од Турција, Србија, Полска и Холандија
Во јули годинава во државава се регистрирани 209 932 и 770 733 ноќевања. Во периодот јануари-јули годинава вкупниот број на туристи е зголемен за 10,2 проценти, при што кај странските зголемувањето е 15,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи во јули, 42.1 процент се домашни, а 57.9 проценти се странски. Најмногу странски туристи во јули имало од Турција, 55 129, по што следуваат Србија со 9 898, Полска, 4 304, и Холандија со 3 989.
Бројот на ноќевањата во јули годинава изнесува 770 733, од кои 69.2 проценти се од домашните туристи, а 30.8 проценти од странските туристи.
Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.2 проценти, односно кај домашните туристи има намалување за 0.1 процент, а кај странските има зголемување за 15.1 процент.
Во истиот период вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5.5 проценти, така што кај домашните туристи има намалување за 0.5 проценти, а кај странските за 11.5 проценти.