Во јули годинава 204.336 туристи престојувале во Македонија
Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2 отсто странски туристи.
При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 13,7 отсто.
Во првите седум месеци од годинава, пак, бројот на ноќевања е зголемен за 6,1 процент во споредба со истиот период лани.
Кај домашните туристи има зголемување за 2,7 проценти, а кај странските има зголемување за 9,7 отсто.