Во јули во Шпанија температура до +46 степени, најмногу во последните 60 години

Месец јули 2022 беше најтоплиот во Шпанија од 1961 година, кога во таа земја почнаа редовно да се мерат температурите, објави Националниот метеоролошки институт.

Просечната температура минатиот месец изнесуваше 25,6 степени Целзиусови, што е за 2,7 степени повисока од најтоплиот јули досега.

Во андалузискиот град Морон де ла Фронтера, на 24 јули е измерена највисоката температура за јули со 46 степени, пренесува АП.

Екстремните горештини и сушата придонесоа за избувнување на бројни шумски пожари. Во повеќе од 370 пожари во Шпанија изгореа 240.000 хектари шуми.