Во Чешка е отворен најдолгиот висечки мост во светот – 721 метар

Најдолгиот висечки мост во светот е отворен над планинска долина во Чешка, долг е 721 метар и виси 95 метри над земјата.

Мостот има име „Sky Bridge 721“, а за изградбата која траеше 2 години се потрошени 200 милиони куни.

Се наоѓа на 1.100 метри надморска височина и поврзува два планински сртови на североистокот на земјата, на 200 километри од Прага и во близина на границата со Полска.

Претходно најдолг висечки мост беше мостот Арока во Португалија, кој е долг 516 метри.