Во четврток здравствените работници на предупредувачки протест

Над 20.000 здравствени работници в четврток ќе излезат на предупредувачки протест, „крик за достоинствена плата и достоинствен живот“.

На протестот кој ќе се одржи за време на паузата од 10.30-11 часот, се приклучуваат и возачите на брза помош со едноминутно вклучување на сирените и ротациските светла на возилата, а за да нема застој во работата со пациентите, здравствените работници ќе протестираат на работните места или пак, вработените може да излезат пред здравствената институција каде што работат.

Зголемување на платата за 30% на сите здравствени работници, ревидирање на Колективниот договор, зголемување на инфективниот додаток, се само дел од барањата кои се на листата на чекање за реализација.

Здравствените работници потенцираат дека, протестот в четврток е предупредувачки, во случај да не се реализираат барањата-ќе излезат на улица.

Од синдикатот тврдат дека над 20 000 здравствени работници во државава земаат подпросечна плата, а почетната плата изнесува околу 20. 700 денари, а на докторите од околу 32.000-35.000 денари.