Во Црна Гора се регистрирани четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, наречен стелт омикрон, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје.
Според Светската здравствена организација, новиот подсој на омикрон БА.2, „не е загрижувачки“.
Засега не постојат докази, што укажуваат на тоа, дека оваа нова подваријанта на Омикрон ќе ги влоши преносот на вирусот, сериозноста на клиничкиот тек на болеста, ефикасноста на постоечките вакцини, како и ефективноста на општите мерки против пандемијата.