Грчката полиција соопшти дека идентификувала вкупно седуммина осомничени за убиствата на Јанис Скафтурос и Василис Рубетис во 2022 година во 2023 година, двајцата водечки членови на грчката мафија. За убиствата се товари и лице кое веќе е уапсено во Црна Гора.
Како што објави Балкан инсајт, од вкупно седуммина осомничени, еден е веќе во притвор во Црна Гора.
Грчкиот обвинител ги поднесе обвиненијата во петокот. Меѓу седумтемина има и двајца етнички Грци од земјите на поранешниот Советски Сојуз, кои беа уапсени на 17 јануари и обвинети од обвинителството во петокот. Во Лариса е приведен уште еден осомничен. Рубетис беше убиен во јуни минатата година. Убиството на Јанис Скафтурос се случи во април 2022 година.
Дополнително, распишана е потерница за уште двајца осомничени, од Грузија и од Узбекистан, кои побегнале во странство, уште едно лице се бара во Грција, а едно е во затвор во Црна Гора.
Грчката полиција за БИРН изјави дека лицето во затвор во Црна Гора е Пајо Џонатан (25) со албанско потекло.
На 14 октомври 2023 година, Џонатан бил уапсен од црногорската полиција на граничниот премин Сукобин при обид да ја напушти Црна Гора, бидејќи бил осомничен и за злосторничко здружување во врска со нелегално поседување оружје и експлозивни материи и фалсификување документи.
Џонатан користел лажен грчки пасош на име Папас Василе. Црногорските власти го сомничат него и двајцата државјани на Ерменија, Армен Мартиросјан и Мначаканјан Артјом, дека го подготвиле убиството во Будва.
Претставник на грчката полиција во петокот за БИРН изјави дека сè во овој случај изгледало како две мафијашки групи активни во шверцот на цигари да се борат меѓу себе. Меѓународен синџир што работи низ Европа, со седиште во Украина, сакаше да ја преземе контролата врз шверцот со цигари во Грција, изјави полицијата за БИРН. Добивката од шверцот се проценува на неколку милиони.
Пензионираниот генерал-полковник и почесен заменик началник на грчката полиција Јоанис Раковицас за грчката јавна телевизија ЕРТ изјави дека грчката мафија првично имала контрола врз незаконските активности во ноќните клубови, но потоа, поради финансиската криза и промената на општата култура, тие се сврте кон шверц на гориво и цигари, каде што профитот е поголем.
Будванската полиција во октомври минатата година, како што беше соопштено, спречила ликвидација во тој град, а потоа биле уапсени две лица од Ерменија. Покрај тоа, на граничниот премин Сукобин е уапсен и албанскиот државјанин П.Џ. (25), кој е осомничен и дека бил дел од криминална група.
Се уште не е јасно кој бил цел на оваа група криминалци.