Во Хрватска падна снег

Местото Завижан во Хрватска има вистинска зимска атмосфера. Температурата е -1 и врне снег.

Според податоците на ДХМЗ, утринава таму се измерени 3 сантиметри снег.

Не е првиот снег оваа есен во Завижан. За првпат падна во септември.

Снег денеска се очекува само на највисоките планини, додека температурите во другите делови на Хрватска се уште се над просекот.

На море до +20 степени, на копно до +15.

Температурите во Босна и Херцеговина се значително намалени во однос на претходниот период, метеоролозите најавија дека на планините може да има снег.