Во Специјализираните совети на Косово во Хаг продолжува судењето на водачите на поранешната ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими.
Според порталот Албанија пост, почетокот на судскиот процес се очекува во 9 часот.
Се очекува во текот на октомври да се одржат 10 рочишта за случајот против лидерите на поранешната ОВК, а денеска сведочењето ќе го продолжи 27-от сведок.
Исто така, денеска се очекува првпат пред судот да се појават и поранешните припадници на ОВК Исмет Бахтјари и Сабит Јанузи, кои беа уапсени на 6 октомври на Косово.