Во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуб Красничи.
Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Во судскиот процес против лидерот на поранешната ОВК досега се сослушани седум сведоци на обвинителството. Тие се обвинети за убиство, прогон и тортура.
Сите четворица обвинети се изјаснија дека не се виновни по ниту една од точките од обвинението.
Конференцијата пред судење се одржа на 18 јануари 2023 година, по што следеше подготвителната конференција на специјализираните обвинители на 15 февруари.
Тачи, Весељи, Красниќи и Сељими се во притвор во Хаг од ноември 2020 година, а судењето започна на 3 април годинава.