Група од 111 лица се приведени вчера на протест против пензиската реформа во Франција, соопшти МВР на Франција.
Повредени се 154 полицајци и жандарми, од кои некои потешко.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изрази поддршка за полицијата, жандармите и пожарникарите кои ги штитат демонстрантите и јавниот и приватниот имот.
Дарманен вчера распореди повеќе од 11.000 полицајци.
Околу 570.000 луѓе демонстрираа вчера во Франција, од кои 57.000 во Париз, на 11-тиот ден од протестите против пензиската реформа.
Минатата недела, според француското МВР, протестирале над 740.000 луѓе.
Одлуката за пензиската реформа во Франција е веќе донесена, но сѐ уште не стапила во сила.
Претседателот Емануел Макрон сака тоа да се случи до крајот на годината. Во моментов за тоа расправа Уставниот совет. Неговата одлука се очекува на 14 април.