Во Франција се судрија два борбени авиони – еден пилот е пронајден, по други двајца се трага

Два борбени авиони Рафал се судрија во воздух и се урнаа денеска во североисточна Франција, соопштија цивилните и воените власти.

– Еден од пилотите е пронајден и е безбеден – објави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну на мрежата Х.

Француските воздухопловни сили потврдија дека во едниот авион имало двајца пилоти, додека во другиот имало еден и дека е пронајден пилотот кој бил сам во авионот, додека потрагата по другите двајца е во тек, пренесува „Т портал“.