Денеска во главниот град на Франција, но и во целата земја се одржаа демонстрации против војната и поддршка на украинскиот народ.
Во Париз, поворката од неколку илјади демонстранти се собра на Плоштадот на Републиката при што се скандираше „Солидарност со Украина“, „Путин убиец“ на француски, украински и руски јазик.
Викендов се одржуваат собири за поддршка на Украина во повеќе од сто градови во Франција како и во многу европски метрополи, на десеттиот ден од руската инвазија.
Според оценките на полицијата ширум Франција денеска се очекуваат околу 25.000 демонстранти.