Сега веќе екс директорот на управата на финансовата полиција Арафат Муареми по оставката дефинитивно заминува од финансовата полиција која ја водеше 4 години.
До избор на нов директор функцијата ќе ја извршува неговиот заменик Бесим Дехари долги години вработен на високи позиции на МВР. Муареми веднаш по веста дека Републичкиот обинител Јовевски ја суспендирал Вилма Русковска и уште две обвинителки кои направија претрес во финансовата полиција. Поднесе оставка, но следеше и веста дека на Муареми му истекол мандатот и тоа е причината за оставката а не како што напиша тој дека се повлекува за да нема сомнеж дека од позиција на функцијата ќе се обиде да влијае на истрагата за обвинувањата на обвинителството за организиран криминал дека правел злоупотреби користејки ја функцијата.
Муареми отфрла дека со Русковска имале политички судир и вели дека ревизијата утврдила дека претресот во институцијата и во неговиот кабинет Русковска го направила незаконски без да ја коментира нејзината суспензија.