Во февруари 2022. просечната плата во земјава – 29.839 денари
Зголемување за 6,8% на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во земјава има во февруари 2022. за разлика од истиот месец минатата година.
Во вториот годинешен месец просечната плата во Македонија изнесува 29.839 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката исплатена просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,2 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13,1 и Стручни, научни и технички дејности за 11,6 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,9 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во февруари 2022 година, пак, изнесува 44.531 денар.