Во вечерашното издание на Трилинг ќе имате можност да слушнете повторно нови актуелни теми.
Еден од разговорите е со писателот Петар Андоновски.
Тој вели: ,,Не е проблем што Цветанка Ласкова добила финансии, проблемот е што има добиено многу повеќе од Златно славејче и многу други“.
Следува и разговорот со универзитетскиот професор Борче Давитковски кој вели дека судењата ќе продолжат.
,,Судењата ќе продолжат, нема да се стопираат постапките, и оние правосилни пресуди некои што се во затвор и така натаму бидејќи нивните пресуди се активни” вели Давитковски.
Благица Петрески, директорката на Finance think е исто така една од гостите во вечерашното издание.
,,Незавршувањето на постапката на издавање на еврообврзница не доведува во прашање дали ние тие средства ќе ги најдеме и позајмиме” – вели таа.
Според неа, се наметнува прашањето по која цена ќе бидат позајмени.
Оливер Белопета, еден од вечерашните соговорници во Трилинг смета дека културата генерално е оставена на маргините.
,,Може ли од национален интерес да биде концерт на Петар Грашо во Битола?” – вели Белопета.