Во денешното издание на Трилинг ќе имате можност да слушнете повторно нови актуелни теми.
Еден од соговорниците во Трилинг е пратеникот Миле Лефков, каде се зборува за актуелната тема која деновиве не засега сите, замрзнати цени, празни продавници.
,,Рафтовите за леб ни останаа празни, многу криминал , така да сметам дека на наредните избори ке биде многу лесно да се одлучи односно ке се гласа против криминалот неспособноста и ароганцијата’’ – вели Лефков.
Реконструирана влада, зголемено парламентарно минимално мнозинство, што може да донесе триото Ковачевски Таравари и Ахмети? – на оваа тема разговор ќе имате можност да слушнете со Санела Шкријељ.
,,Да не наметнуваме тези дека е возможно да се направат смени во преговарачката рамка или да се обезбеди подобра позиција затоа што тоа не е така’’ – истакна таа.
На тема недостиг на работна сила проблем со кој се соочуваат земјите разговараме со проф. Ана Томовска.
,,Предвидувањата се дека до 2030 година околу 90% од лугето кои што работат на денешните работни места ке треба да поминат низ таков процес на доживотно учење за да ги подобрат своите вештини.’’ – потенцираше професорката.
На тема моден свет, разговараме со добро познатиот моден креатор и костимограф, Александар Ношпал.
,,Модата комплетно се промени кога големите корпорации ги завземаа, почнаа да ги купуваат дизајнерските куки, дијзајнерите едноставно станаа крпи за бришење, заврши ерата на навистина големите модни дизајнери’’ – вели Ношпал.