Според проценката на американските власти, меѓу 2.000 и 4.000 руски војници загинале во Украина од почетокот на руската инвазија.
Претпоставките од Пентагон се дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги засили нападите и покрај воените неуспеси и економските проблеми што произлегуваат од меѓународните санкции.
Сепак, оттаму прецизираат дека се работи за груба проценка за бројот на загинати руски војници.
Руското Министерство за одбрана на 2. март соопшти дека 498 руски војници биле убиени во Украина.
„Нашите аналитичари проценуваат дека неуспесите на Путин веројатно нема да го одвратат и оти наместо тоа ќе има ескалација“ сметаат американските влати.
Директор на Централната разузнавачка агенција – Вилијам Барнс смета дека и покрај се Русија најверојатно нема да се повлече.
„Мислам дека Путин сега е лут и фрустриран. Веројатно ќе вложи повеќе напори за да ја скрши украинската армија со малку обѕир кон цивилни жртви“ – рече Барнс.