Турските власти уапсија 147 осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Апсењата се извршени во 30 турски провинции, од вкупно 81, соопшти министерот на социјалната мрежа Х.
Од 1 јуни 2023 година, во Турција се уапсени 2.919 лица осомничени за врски со џихадистичката група, изјави министерот за внатрешни работи.
Агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извори од турските безбедносни сили, објави дека двајцата осомничени за учество во терористичкиот напад во Москва неколку недели биле на турска територија и дека на 2 март отпатувале со авион за Русија.