Во Турција приведени 125 осомничени членови на ИД

Турската полиција денеска ја продолжи операцијата против осомничени членови на Исламска држава (ИД) при што се приведени 125 луѓе во истовремени рации во 25 провинции.

Турската полиција денеска ја продолжи операцијата против осомничени членови на Исламска држава (ИД) при што се приведени 125 луѓе во истовремени рации во 25 провинции.

Изминатата недела приведени се стотици осомничени припадници на ИД, со цел да се спречат напади за време на празниците. Турските власти ги интензивираа напорите за борба против тероризмот пред новогодишните прослави, по разузнавачките предупредувања за евентуални напади од страна на ИД.

На 28 декември во престрелката во Јалова, северозападна Турција загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД.

За време на вчерашната операција приведени се 357 осомничени лица.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека денеска се извршени рации во Истанбул, Анкара, Измир, Бурса и Јалова.

ИД има извршено низа смртоносни напади во Турција. Најсмртоносен е нападот изведен за време на прославата на Нова година во 2017 година во ноќен клуб во Истанбул, при што загинаа 39 луѓе.