Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи во вредност од 100 милиони евра
Кон крајот на минатата година менувачниците во Истанбул и други турски туристички градови не примаа банкноти од 50 и 100 американски долари, тврдејќи оти не можат да ги проверат, а циркулираат голем број фалсификувани девизи.
Турската полиција во Истанбул откри и заплени фалсификувани банкноти американски долари, саудиски ријали и египетски фунти во вредност од околу 100 милиони евра. Во полициската акција приведени се пет странци, кои се подготвувале да ги пуштат во оптек фалсификуваните пари.
Исто така е одземен и материјал потребен за производство на лажни банкноти.