
Полицијата синоќа во Тирана го уапсила Исмаил Морина, познат и како Балиста Морина, јавува порталот Репортерс, повикувајќи се на медиумите во Албанија.
Според информациите, причина за апсењето е статусот што Морина го објави на Фејсбук, во кој го споменува претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Слушнав дека Вучиќ сака утре да оди на самит со мене, му го наполнија паметот нудејќи му ZANA бонбони, само што слетав на аеродромот Мајка Тереза, земав неколку стари чаши, стариот депозит од ПОТОЧАР се … “, напиша Морина, за што наводно бил приведен.
„Косово онлајн“ објави дека Исмаил Морина и е познат на јавноста по тоа што во 2014 година леташе со дрон со албанско знаме на фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија.
Тој на полицијата и е познат по повеќе кривични дела и повеќепати бил апсен, меѓу другото, и за неовластено поседување оружје и муниција, наведува порталот.