Во тешка сообраќајка загина 18-годишник од виничко Истибања

Осумнаесетгодишно момче од Истибања загина во сообраќајна незгода што утрово се случи на локалниот пат кај виничкото село.

Момчето Р.Н. управувајќи „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, излетало надвор од патот.

Од здобиените повреди загинало на местото на настанот.

Извршен бил увид.