Во Тетово Беса пред ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ во водство во однос на СДСМ

Според првичните резултати на Државната изборна комисија од денешното гласање за избор на нов општински Совет во Тетово најмногу гласови од избирачите доби листата на Движењето Беса – 835 гласови малку по 21 часот, додека за ДУИ гласале 554 гласачи. За листата на ВМРО-ДПМНЕ  гласале 535 избирачи, додека за СДСМ – 317. Следува ДПА со 110 гласови,  Алтернатива со 79 гласови.

Според прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ, во Тетово „криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ е поразена“; „ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ – 2: 1“, „Беса убедливо води пред ДУИ“.