Потресната слика доаѓа од Тел Авив, каде за Шабат е поставена маса со 203 столчиња, со надеж дека заложниците киднапирани од Хамас во нападите на 7 октомври ќе бидат ослободени.
На масата се наредени чинии и чаши за вино, кои ќе го чекаат секој заложник што ќе пристигне дома, како и шалах – специјален леб кој се подготвува за посебни прилики како Шабат и големи еврејски празници.
На масата фоторепортерите снимија детал кој ја кине душата, шишиња за бебиња, што укажува дека меѓу киднапираните има и деца.
Изложбата е една од неколкуте јавни уметнички инсталации на Форумот на заложници и исчезнати семејства, кој беше формиран неколку часа по нападите на 7 октомври.
„Тоа е традиционален еврејски оброк во петок навечер, вклучувајќи вино и специјален леб. Имаме 203 седишта, вклучително и детски седишта, и ги чуваме празни додека не се вратат“, рече Нимрод Арлук, волонтер кој работи како технолошки претприемач.