Во тек е лидерската средба – Ковачевски со свои предлози и идеи, Мицкоски со една конкретна желба и предлог
Во Клубот на пратеници во тек е лидерската средбата помеѓу премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ковачевски пристигна пред договореното, а Мицкоски доцнеше 5 минути.
Во пресрет на лидерската, премиерот Димитар Ковачевски во неколку наврати порача дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да се надмине и да прифати уставни измени и, како што вели, „барем еднаш во овие 32 години независна Македонија да поддржи одлука со која државата ќе се интегрира и во ЕУ“.
ВМРО-ДПМНЕ очекува како неизбежно да се наметне и прашањето за предвремени парламентарни избори.
Во пресрет на лидерската Извршниот комитет на партијата одржа состанок по кој објавија дека го овластиле Мицкоски на средбата да ги афирмира и брани позициите против уставни измени под диктат и во поразителни околности за Македонија.