Во српскиот Парламент поднесен амандман за буџетот со сума од 1,4 милијарди евра

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, вчера објави дека во српскиот Парламент ќе биде предложен амандман на Предлог-законот за буџетот, што ќе ги предвиди околностите во кои Србија би ја презела Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Пратеничката група во српскиот Парламент, „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“ поднесе амандман на Предлог-законот за буџетот за следната година, со цел „обезбедување енергетска безбедност и стабилност на државата“.

Амандманот предвидува издвојување дополнителни 164 милијарди динари (приближно 1,4 милијарди евра) за таа цел.

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, вчера објави дека во српскиот Парламент ќе биде предложен амандман на Предлог-законот за буџетот, што ќе ги предвиди околностите во кои Србија би ја презела Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Увид во амандманот имаа од Недељник и според нив – причината за тоа издвојување е наведена во образложението како „обезбедување енергетска безбедност и стабилност на државата“.

Првично биле планирани 600 милиони динари, а со новиот амандман таа цифра е 164,4 милијарди динари

Според медиумот, економска класификација 621 во буџетскиот систем, се користи кога државата купува акции, удели во компании или ги докапитализира јавните компании и финансиските институции.

За таа цел, се предвидува зголемување на јавниот долг, односно задолжување од страна на државата во 2026 година, за вкупно 212 милијарди динари, во споредба со првичниот предлог на Владата.

Пресметката во амандманот покажува дека од 212 милијарди динари од новиот долг, 164 милијарди ќе бидат искористени за „енергетска стабилност“.

Руските компании Гаспром Њефт и ПЈСЦ Интелиџенс поседуваат 56,15 проценти од капиталот на НИС. Неформалните проценки за вредноста на целата компанија се околу три милијарди евра и повеќе, наведуваат белградски медиуми.