Во среда ќе се знае што ќе биде со суспензијата на Русковска

Во среда ќе се знае што ќе биде со суспензијата на обвинителка Вилма Русковска.

Претседателот на Советот на јавни обвинители – Антонио Јолески за во среда ја закажал седницата на која единствена точка за разгледување е жалбата од обвинителката.

„Разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска“ – стои на дневен ред.

Жалбата беше поднесена во петокот, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше.

Против Русковска се води кривична постапка по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.