Во соседна Србија бројките на Ковид-позитивни случаи не стивнуваат.
Во последното деноноќие се откриени 15.352 нови случаи на коронавирус од 31.521 тестирани примероци. Како последица на вирусот починале 59 лица. Во болниците низ Србија на респиратори се 147 пациенти.
Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани 1.662.446 случаи на коронавирус, а починале 13.570 луѓе.